Списание Југолинк. Преглед на постјугословенски истражувања ги повикува сите заинтересирани на соработка за учество во наредниот број на списанието. Повикот го упатуваме на сите авторки и автори од областа на општествените и хуманистичките науки, без оглед на тоа дали нивните активности се одвиваат во некоја институционална рамка или вон постоечките научно-истражувачки установи.
Основни услови ѕа учество во списанието се, како прво, авторите и авторките во своето истражување да го фокусираат подрачјето на бивша Југославија, односно теми, појави и проблеми карактеристични за овој регион; и како второ, прилозите (есеи, научни студии, текстови, рецензии итн.) да бидат напишани на некој од јазиците кои произлегоа од некогашниот српско-хрватски / хрватско-српски, на македонски или на словенечки јазик.

Тема на третиот број: УМЕТНОСТ И ПОЛИТИКА.

Што е постјугословенска уметност? Може ли воопшто и на кој начин да се говори за „постјугословенска“ уметност? Пред сè, ако имаме пред вид дека дури и за време на заедничката југословенска држава „југословенската“ уметност беше подредена на партикуларните „републички“ или локални уметности. Откаде тогаш денес, по распадот на Југославија, постои потреба ѕа (пост-)југословенска синтеза на тие уметности? Како овие процеси на толкување на уметноста можат да бидат објаснети во однос кон државниот апарат, а како во однос кон пазарот? Која функција ја добива уметноста во одреден историски, политички или економски контекст? Кој однос постои помеѓу контекстот и „неформалната“ уметност како „револуционерна“ од една, или пак, како „уметност на отпорот“ од друга страна? Како се менува уметноста во тек на општествените промени во времето на првата Југославија, потоа во времето на социјализмот, а како по распадот на Југославија? На кој начин се менува притоа функцијата на уметноста –  на пример од „уметникот-ударник“ до „уметникот-когнитивен/креативен работник“?
На кој начин се однесува уметничката критика на постјугословенскиот простор спрема овие феномени? Како воопшто изгледа денес критиката на уметноста? И што е денес воопшто критичка уметност? Каков е односот помеѓу „формалната национална“  и „неформалната“ култура т.е. уметност? Овој избор на прашања е произлезна точка за следниот број на списанието. југоЛинк ги повикува авторите и авторките да приложат трудови кои можат да бидат посветени на теориската расправа на понудените и слични прашања, така и на анализата на конкретни уметнички пракси. Добредојдени се и аналитички прилози кои тематски опфаќаат конкретни филмови и/или серии (на пример „Топ листа надреалиста“), театар (на пример поединечни претстави), музика (на пример Laibach) или ликовна уметност како и други уметности. Сите прилози –  емпирски и теориски –  кои ги тематизираат наведените феномени ќе бидат прифатени и земени во предвид.

Рок за испраќање на текстовите е 15.10.2012.

Текстовите доставете ги во стандарден формат (word document (*.doc)), Times New Roman, фонт 12, прордед 1,5, со стандардниот научен пристап т.е апарат, користена литература како и апстракт на англиски јазик.

>>>>> Детални упатства за публицирање <<<<<

Текстовите пратете ги на адресата на редакцијата: jugolink@googlemail.com
Избраните текстови ќе бидат објавени на крајот на 2012. година.

_________________________________________________________

Списанието југоЛинк. Преглед на постјугословенски истражувања ги поканува на соработка сите заинтересирани за учество во следниот број на списанието. Поканата ја испраќаме на сите авторки и автори кои работат во областа на општествените и хуманистичките науки, без оглед на на тоа дали нивните активности се одвиваат во некој институционален контекст или вон постоечките научно-истражувачки установи.

Основни услови за учество се, како прво, авторките и авторите во своето истражување да се фокусирани на подрачјето на поранешна Југославија, односно на теми, појави и проблеми карактеристични за овој регион; и како второ, прилозите (есеи, научни студии, текстови, рецензии) да се напишани на некој од јазиците кои произлегоа од некогашниот српскохрватски / хрватскосрпски како и на македонски и словенечки јазик.

Тема на следниот број: МИНАТО И(ЛИ) СЕГАШНОСТ.

Следниот број на списанието е посветен на прашањето на толкување на постарото и поновото минато на постјугословенскиот простор. Текстовите според тоа може да се движат од истражување на културата на сеќавање во поширока смисла, преку прикажување на актуелниот развој на историската наука, па сѐ до теориски трудови околу односот кон минатото.

Со оглед на тесната врска помеѓу толкувањето на минатото и различните феномени на сегашноста, овие, а и други поврзани теми, се предмет на истражување на различни научни дисциплини како историја, социологија, антропологја, политикологија или филозофија.

Сите прилози – емпириски и теориски – кои ги тематизираат наведените феномени ќе бидат земени во предвид за следниот број на списанието.

Рок за испраќање на текстови: 01.04.2012

Ве молиме текстовите да ги доставите во стандарден формат (word документ (*.doc), Times New Roman, 12, проред 1,5), со стандардниот научен апарат, со листа на користена литература, како и со апстракт на англиски јазик.

Ве молиме текстовите да ги испратите на адресата на редакцијата: jugolink@googlemail.com

Избраните текстови ќе бидат објавени во средината на 2012. година.