југоЛинк. Преглед на постјугословенски истражувања е списание за млади истражувачи од постјугословенскиот простор чии научни трудови го тематизираат точно овој простор. Списанието излегува како online публикација и е достапно бесплатно.

Идеја

Повеќе од дваесет години по распадот на Југославија во сферата на научното истражување може да се воочи една навистина парадоксална ситуација:  Истражувачките центри кои до почетокот на деведесетите години од минатиот век му припаѓаа на  еден заеднички академски простор, се обидуваaт, поаѓајќи од еден нов (национален) контекст во кој делуваат, секој за себе да се поврзи со друга меѓународна истражувачка институција, а притоа скоро да не постои никаква соработа помеѓу самите тие центри. Иако повремени и воглавно индивидуални контакти постојат – некои никогаш и не беа прекинати – има повеќе него доволно место за востпоставување на една (нова) научна јавност на постјугословенскиот простор. Заедничката научна јавност притоа е условена не само од некогашната заедничка институционална структура или од јазичната поврзаност – дури и површен поглед на темите, теориските пристапи, избраните методи, но и на проблемите на поновите истражувања пред сѐ од областа на општествените науки во овој регион укажува на низа сличности. Сѐ почесто, на сега веќе меѓународни научни собири, се „открива“ во која мера истражувачите од регионот во својата дејност всушност се упатени едни на други. Таа неопходност во соработката се однесува како на можноста за користење на одредени историски архиви така и на достапноста на самите резултати од истражувањата. Иако токму ова последното секако е олеснато со технолошкиот развој, пред сѐ со дигитализацијата, обидот да се створи еден заеднички форум за размена на информации од областа на науката, и понатамо се многу ретки. Списанието југоЛинк / jugoLink. Преглед на постјугословенски истражувања / Pregled postjugoslovenskih istraživanja е прв обид за создавање на еден точно таков форум.

Цел

Цел е значи промоцијата на најновите научни трудови на пред сѐ (иако не исклучиво) помлади истражувачи од подрачјето на поранешна Југославија. Со публицирањето на трудови кои потекнуват од различни „научни школи“ од овие простори, a кои веќе со години се воглавно одвоени едни од други, се добива првенствено единствен увид во нивниот избор на теми и интереси. Покрај тоа, се отвара можност за споредба на научните резултати, методи и теориски пристапи.

Текстовите кои се објавуваат во списанието се наменети значи за постјугословенската научна јавност, но исто тако за истражувачите од германското говорно подрачје како и за пошироката меѓународна публлика кои се интересираат за југоисточна Европа. Со оглед на многуте научни установи чиј предмет на истражување е токму ова подрачје, списанието со ваков профил излегува во пресрет на потребата за постојано информирање за нови студии од регионот. Текстовите објавени на јазиците кои произлегоа од некогашниот српскохрватски / хрватскосрпски како и на македонски и словенечки јазик, опфаќаат истражувања од областа на општествените науки. Тематскиот фокус на поединечните изданија ќе зависи како од актуелниот развој на истражувачката работа во регионот така и од интересот на научната јавност и на редакцијата.

Advertisements